Дорис Пак до СДСМ: Не создавајте ситуација слична на Албанија

Дорис Пак

Германската европратеничка Дорис Пак денеска преку писмена изјава го повика СДСМ да се врати во Собранието и да не создава ситуација слична како во Албанија, јави МИА.
Ниту СДСМ, ниту нивните колеги во Албанија не работат во интерес на своите земји. Единствениот резултат од нивните протести на улица е сомнежот кај Европската унија околу способноста на нивните земји за исполнување на европските стандарди на демократија, пишува Пак.
Нема кршење на слободата на медиумите од страна на владата, туку нормална судска постапка против сопственик на телевизиски канал и многу други фирми во Македонија поради сомневање за даночна измама во вредност од милиони евра. Поради тоа, апелирам до колегите од СДСМ повторно да размислат околу нивниот протест и да се вратат во Парламентот, вели во писмената изјава европратеничката Дорис Пак.