Американскиот дипломат во затвор во Пакистан уште 8 дена

Судот во Пакистан денеска одлучи дека полицијата може да го држи американецот конзуларен работник обвинет за убиство на двајца пакистанци уште осум дена за натамошна истрага. САД, од своја страна соопштија дека Рејмонд Дејвис, е дипломат и повика итно да биде ослободен. Тој беше уапсен пред една недела во Лахоре по инцидентот за кој Дејвис вели дека бил цел на кражба и оти во самоодбрана стрелал во пакистанците. Тоа предизвика протести во Пакистан, каде што се силни антиамериканските чувства поради непопуларниот сојуз на владата во Исламабад со Вашингтон, војната во Авганистан и американските ракетни напади во северозападниот дел на Пакистан.