Христофијас - Можно е решение за Кипар до крајот на 2011

Кипар

Решение на кипарскиот проблем може да се најде до крајот на оваа година, под услов лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу и Анкара да прифатат решение што ќе се темели врз формулата за создавање федерација на две заедници на островот, изјави претседателот на Република Кипар Димитрис Христофиас во интервју за грчката агенција АНА-МПА.
Христофиас, кој денеска ќе има разговори во Атина со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, изјави дека лидерот на кипарските Турци Ероглу, во Женева на 26 јануари, не бил конструктивен и не презел јасни обврски за некои аспекти на проблемот и не дал позитивен одговор на предлогот на Христофиас за пребројување на населението во турскиот дел на Кипар од страна на ОН, за да се утврди бројот на турските доселници на островот.