ЕУ ќе издвои 27 милиони евра за инфраструктурата во Косово

Канцеларијата за врски на Европската комисија соопшти денеска дека ЕУ ќе издвои 27 милиони евра за финасирање на проекти на Косово со цел да се подобри инфраструктурата во некои општини во земјата. Во план е со парите од Унијата да биде подобрено и водоснабдувањето во Косовска Митровица, Звечани, Србица и Вучитрн, како и снабдувањето со струја во земјата.