Огромен циклон се движи кон Австралија

Голем циклон се движи кон северо-источна Австралија. Според сателитските снимки се смета дека тоа е најголемиот циклон во историјата на Австралија, а бурата покрива област, поголема од Нов Зеланд или Италија. Се очекува бурата да стигне до брегот на Австралија вечер, со ветар од 300 километри на час.