Иранецот обвинет за трговија со оружје се изјасни невин

Иранскиот маж обвинет за организација на нелегална трговија со оружје во Нигерија се изјасни денеска дека е невин. Азим Аџајани и неговиот соочесник од Нигерија Али Усман Абас се обвинети за поседување и увоз на оружје и за давање на лажна дозвола за транспорт на минофрлачи и ракети, кои биле запленети на пристаништето во Лагос во октомври. Според властите пратката потекнувала од Иран, а била намента за Гамбија. Аџајани е бизнисмен од Техеран и член на иранската елитна револуционерна гарда.