Европратеникот Тенок со реакција за бојкотот на Парламентот

Македонскиот Парламент

Британскиот европратеник Чарлс Тенок денеска изјави дека одлуката на СДСМ да го бојкотира Собранието им оди во прилог на противниците на Македонија, според кои земјата не заслужува да започне преговори за членство во ЕУ.
Тенок смета дека Македонија е на крстопат на патот кон ЕУ и НАТО и неможе да си дозволи да им помага на противниците.
Тенок го повика Бранко Црвенковски како лидер на опозицијата да го прекине бојкотот за да продолжи Парламентот нормално да функционира.