Уапсен осомничен за воени злосторства во БиХ

Полицијата на БиХ уапсила еден босански србин обвинет за убиства, силување и тортура на муслиманите за време на војната од 1992 до 1995 година. Босанското обвинителство соопшти дека Саша Баричанин бил уапсен во Пале во близина на Сараево.
Специјалниот суд за воени злосторства го истражува случајот на Баричанин, под сомнение дека направил злосторства против човештвото во Грбавица и Пале во 1992 година.