Делегација на КФОР се сретна со началникот на ГШ на АРМ

Генерал-потполковник Мирослав Стојановски

Висока делегација на КФОР предводена од командантот генерал-мајор Ерхард Билер денеска се сретна со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
Според соопштението на министерството за одбрана тие разговарале за безбедносната состојба во регионот, за унапредување на соработката со КФОР, како и за размена на информации со АРМ.