Стотина илјади демонстранти се собраа во Каиро за протестен марш

Протестите во Египет

Стотина илјади демонстранти се упатија денеска кон централниот плоштад во Каиро, каде што е во план да се изврши протесен марш, против режимот на Претседателот Хосни Мубарак. Опозицискиот лидер и нобеловец Мухамед ел Барадеј го повика Мубарак до петок да ја напушти земјата за да се избегне насилството. Голем марш ќе има и во Александрија. Според некои извештаи може да дојде до судири меѓу демонстрантите и подржувачите на Мубарак. Египетската полиција и војска соопштија дека нема да употребат сила против демонстрантите.