Редовен извештај на Бан ки Мун за Косово

генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Mун

УНМИК е подготвен во целост да ја поддржи истрагата за трговија со човечки органи на Косово, се наведува во најновиот извештај на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Mун. Тој, како што јавуваат агенциите, исто така изразува очекување дека во наредниот период ќе се оствари напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Тримесечниот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун се однесува на периодот од 19 октомври минатата година до 15 јануари оваа година и би требало кон средината на овој месец да биде доставен до Советот за безбедност.