Израел- во Египет можен радикален исламистички режим

Израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди на опасноста, од прoтестите во Египет да се изроди радикален исламистички режим.
Тој рече дека во сиот тој хаос, исламистите може да ја преземат власта и направи паралела со исламската револуција во Иран. Во меѓувреме Израел се согласи да му дозволи на Египет да распореди 800 војници на Синајскиот Полуостров, што преставува зголемување на дозволената бројка на војници за којa во 1979 гоdина со мировен договор ја постигнаа Египет и Израел. Војниците ќе бидат распоредени на околу 200 километри од границата со Израел.