Назарбаев бара предвремени избори во Казахстан

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев изјави денеска дека ќе повика на одржување на предвремени претседателски избори во земјата. Назарбаев говорејќи на националната телевизија не го откри датумот кога би се одржало гласањето. Назарбаев претходно го одби предлогот на Парламентот за референдум со кој би му се продолжил мандатот до 2020 година. Уставниот суд денеска го отфрли реферндумот, како неуставен.