Триесет и четири македонци се пријавиле за евакуација од Египет

Протестите во Египет

Во македонската амбасада во Египет за евакуација од земјата досега се обратиле триесет и четири македонски државјани, кои живееле или работеле во Египет. Нивното враќање се договара со амбасадата на БиХ. Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека тие се во постојан контакт со амбасадата во Каиро.
Египетското МНР денеска ќе одржи средба со сите странски амбасадори за да ги информира за состојбата во земјата. По средбата ќе биде одлучено дали македонскиот амбасадор во Каиро Миле Манолев ќе се врати во Скопје.