ЕУ на состанок за Белорусија, Тунис и Египет

Европските министри за надворешни работи на состанокот денеска во Брисел ќе разговарат за воведување санкции против белорускиот претседател Алкесандар Лукашенко. Се очекува да се воведе визна забрана за Лукашенко и неговите политички соработници како одговор на режимското казнување на демонстрантите по спорниот претседателски реизбор на 19 декември. Во пресрет на состанокот на ЕУ, белоруските власти во саботата од притвор ослободија еден од претседателски кандидати и една новинарка. Се очекува тема на денешниот состанок да бидат и немирите во Египет и Тунис.