Ганучи ги повика тунижаните да ја продложат револуцијата

Рашид Ганучи со неговите приврзаници

Тунискиот исламски лидер Рашид Ганучи кој денеска се врати во земјата ги повика луѓето да продолжат со револуцијата. Според Ганучи во Тунис треба да се донесат нови закони, а демократијата неможе да се постигне без национален консензус и развојотможе да се случи само со правда и еднаквост. Ганучи кој беше 20 години во егзил на аеродромот во Тунис беше пречекан од илјадници приврзаници.