Опозициска партија бара локална власт во Ирак да даде оставка

Една опозициската партија од северниот курдски дел на Ирак ја повика локалната власт да си даде оставка, соопштувајќи дека протестите во арапскиот свет ќе бидат повик за будење на неговите лидери.
Според реформистичката група за промени трите владејачки партии во покраината се корупирани и не ги преставуваат барањата на народот. Владејачките партии ја обвинија групата дека сака да ја искористи ситуацијата во Египет и Тунис, но ветија дека ќе спроведат реформи.