Илјада затвореници ослободени во Египет

Протестите во Египет

Вооружена група на мажи нападнала најмалку четири затвори во Египет со што помогнала да бидат ослободени стотици муслимански милитанти и други затвореници, бидејќи полицијата синоќа не ги обезбедуваше затворите, а ни улиците на Египет.
Според безбедносните сили најмалку 1000 затвореници избегале. Забранетата опозициска група Братство на муслиманите соопшти дека 34 нејзини припадници биле ослободени.