Тунискиот исламски лидер пристигна во Тунис

Протестите во Тунис по кои беше соборен претседателот Зине Ал Абидине Бен Али

Лидерот на најголемото туниско исламско движење Рашид Ганучи денеска на аеродромот во земјата беше пречекан од илјадници негови приврзаници. Ганучи беше 20 години во егзил во Лондон, поради режимот на соборениот туниски претседател Зине Ал Абидине Бен Али.
Неговите приврзаници изјавиле дека се плашат тој да не биде уапсен. Ганучи изјави дека се надева оти неговото движење ќе може да учествува во новиот политички систем на Тунис.