Милошоски-бојкотот на Парламентот штетен за Македонија

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави денеска дека одлуката на СДСМ да го бојкотира Парламентот штетно ќе се одрази врз надворешно политичките приоритети на Македонија.
Според Милошоски кој учествуваше на трибината „Предизвиците на македонската надворешна политика во 2011година“ однесувањето на опозицијата не соодејствува со одговорноста која им ја дале гласачите.