Започнуваат зимските азиски игри во Казахстан

Официјалната маскота на зимските азиски игри 2011 година

Во Казахстан денеска е отварањето на азиските зимски игри 2011 година под мотото „Единство на целта“ и „Единство на духот“. Казахстан за прв пат е домаќин на меѓународно натпреварување, откако прогласи независнот од Советскиот Сојуз пред речиси 20 години. Спортскиот спектакл ќе трае до 6 февруари, а церемонијата за отварање на игрите ќе биде во Астана.
Над 1000 спортисти од 25 азиски земји, меѓу кои Кина, Јапонија и Јужна Кореа ќе учествуваат во дисциплините скијање, уметничко лизгање и хокеј.