Роднини на пранешниот туниски лидер бараат азил во Канада

Соборениот туниски претседател Зине Ал Абидине Бен Али

Канадските власти соопштија дека еден роднина на соборениот туниски претседател Зине Ал Абидине Бен Али аплицирал за добивање на азил во земјата со што ја блокирал неговата екстрадација во Тунис. Бизнисменот Белхасен Трабелси и брат на поранешната прва дама Лејла Трабелси пристигнал во Монтреал со неговото семејство во минатата недела. Тој во Тунис е обвинет за организиран криминал.