Холандија ги прекинува контактите со Иран

Холандската влада соопшти денеска дека ќе ги прекине контактите со Иран, поради егзекуцијата на една нивна државјанка во исламската република. Захра Бахрами по потекло од Иран беше уапсена за време на протестите против спорните претседателски избори во 2009 година. Националната иранска телевизија соопшти дека Бахрами била во посета на роднини во земјата.