Мубарак не си поднесува оставка, ја распушти египетската влада

Египетскиот претседател Хосни Мубарак ја распушти владата, но не ја понуди и својата оставка, што е основно барање на демонстрантите во Каиро и во други египетски градови. Во ноќешното прво телевизиско обраќање од започнувањето на нередите пред неколку дена, Мубарак ја правдаше својата одлука за интервенцијата на армијата во египетските градови, нагласувајки дека ќе ја брани безбедноста на жителите на Египет. Над 20 луѓе загинале, а стотици се повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Каиро, Суец и Александрија. И покрај прогласениот полициски час, во Каиро и во текот на ноќта и изутрината има демонстранти.