Шврговски жали за блокираните сметки ама ја штити државата

Јавниот обвинител Љупчо Шврговски на денешната прес-конференција рече дека блокирањето на сметките во фирми е стандардна процедура кога има висок степен на сомнение, за да се заштитат интересите на државата.
Во случајот со фирмите од „Перо Наков“ бб, како што додава, многу е висок степенот на сомнение и поради тоа е одлучено на тој начин да се обезбедат средствата.
Според Шврговски информациите дека се блокира работата на А1 не се точни. – На сметката има само 10 милиони денари и натаму сите приливи ќе се замрзнат до сумата од 4.4 милиони евра. – „Сочувствувам со негативните последици што ќе ги почуствуваат вработените, тоа е моја лична емоција, но јас не сум задолжен за социјална политика, туку да ги бранам интересите на државата“, - рече Шврговски.