Унгарците протестираат за слобода на медиумите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан

Неколку илјади демонстранти синоќа во Будимпешта бараа да се повлече контроверзниот закон за медиуми. По добиените меѓународни критики, владата на премиерот Виктор Орбан вети дека ќе го измени законот. Протестот беше организиран со повици преку интернет, но на овој протест имаше помалку луѓе отколку на оној од 14 јануари организиран за истата цел. На тој протест имаше околу 10 илјади луѓе. Луѓето протестираа против законот кој стапи на сила на 1 јануари затоа што сметаат дека со него се ограничува слободата на медиумите. Стапувањето во сила на законот се совпадна со преземањето на претседателството на ЕУ од страна на Унгарија.