А1 со програма од под „отворено небо“

Macedonia - A1 television. logo - N/A

А1 телевизија ги емитуваше вечерните вести во 19 часот од под отворено небо пред Владата, во знак на протест против блокирањето на сметките на телевизијата. А1 смета дека блокирањето на сметката е директен обид на власта за замолчување на најстарата приватна телевизија.

А1 објави дека Кривичниот суд во Скопје, меѓу другите фирми, ја блокирал сметката и на телевизиите А1 и А2, како и на фирмата што ги издава весниците Време, Шпиц и Коха е ре, за да се обезбедат пари во врска со наводните кривичните дела на фирмите од Перо Наков за кои се води истрага.

„Целта на акцијата и кампањата околу Перо Наков е А1 телевизија. Власта сака да не замолчи“, рече главниот уредник на телевизијата Младен Чадиковски.

Телевизијата продолжува да емитува програма од пред Владата.