ЕУ загрижена за казните на обвинетите во Иран

Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон

ЕУ соопшти денеска дека е загриежна за низата бесења во Иран и побара од земјата да ја укине смртната казна. Во минатата недела најмалку 16 луѓе беа обесени поради обвинението за трговија со дрога, силување и антивладини активности.
Според шефот за надворешна политика на Унијата Кетрин Ештон бројката на егзекуции во Иран е алармантна.