Заканувачко писмо за грчката амбасада во Мадрид

Грчките власти соопштија дека нивната амбасада во Мадрид добила писмо во кое имало куршум од мал калибар и една прокламација, чија содржина не се открива во јавност. Грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека пакет со слична содржина бил откриен и во конзулат во Барселона. Италијански анархисти испратија писма бомби во минатиот месец до три амбасади во Рим за да се солидаризираат со нивните колеги од Атина.