Билт-отворена е вратата на БиХ за влез во ЕУ

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт изјави денеска во Бања Лука дека вратата за БиХ за влез во ЕУ останува отворена, но потребно е политичарите од земјата да поминат низ неа. Билт очекува да биде постигнат договор околу формирањето на власта.
Тој се сретна со претседателот на Република Српска Милорад Додик и претседателот на Собранието на српскиот ентитет во БиХ Игор Радојичиќ. Според Билт ситуацијата во земјата не е толку лоша и дека во фокусот треба да се најдат економските прашања.