Американец во самоодбрана застрелал двајца пакистанци

Еден американски конзуларен работник денеска застрелал двајца пакистанци во Лахоре. Според полицијата американецот бил во заседа од двајцата вооружени мажи на еден семафор и тој пукал во самоодбрана. Американската амбасада во Исламабад потврди дека се работи за нивен вработен.
Полиција соопшти и дека уште еден пакистанец загинал кога автомобилот на американскиот конзулат прегазил двајца пешаци на местото на инцидентот. Околу 100 луѓе потоа го блокирале патот и палеле гуми во знак на протест против убиството.