Пакистан и Авганистан со заедничка комисија за мир

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши со неговиот авганистански колега Залами Расул

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши по средбата со неговиот авганистански колега Залмаи Расул соопшти денеска дека двете земји планираат да формираат заедничка комисија за воспоставување на мир во регионот. Расул при посетата на Исламабад ќе разговара и со политичките лидери на земјата со цел да се зголеми билатералната соработка меѓу Пакистан и Авганистан.