Бериша-извештајот на Марти е расистички

Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека извештајот на Дик Марти за трговијата со органи на Косово е расистички. Според Бериша обвинувањата во извештајот не се нови, туку се фабрикувани уште од пропагандата на Милошевиќ по нападите на НАТО врз Србија. Бериша изјави и дека е отворена истрага во земјата за случајот.
Извештајот на Марти пред два дена беше усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа.