Членството во ЕУ не е клучно за Турција, изјави Ѓул

Турскиот претседател Абдула Ѓул оцени дека приклучувањето во Европската Унија не е клучно за Турција. Ѓул, во интервју за францускиот весник Фигаро нагласи дека Турција се соочува со опструкции, но оти светот не завршува со Европската Унија. Франција е еден од противниците на членството на Турција во Европската Унија, а за оваа тема веројатно ќе стане збор и за време на посетата на францускиот претседател Никола Саркози на Турција кон крајот на наредниот месец.