Одбележување на Денот на Холокаустот

Германскиот претседател Кристијан Вулф и претседателот на Полска Бронислав Коморовски, ќе присуствуваат денеска во Аушвиц, каде што преживеаните од нацистичкиот логор ќе го одбележат денот на Холокаустот. 27-ми јануари е денот кога во 1945-та година, советските трупи го ослободија Аушвиц. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика светот да ја научи лекцијата од Холокаустот и да дејствува против непријателите на еврејската држава, како што е Иран. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат повеќепати јавно изјавува дека Холокаустот е измислица.