Полска и натаму ја истражува несреќата на претседателот Качински

Меморијалната служба во чест на Лех Качински во Полска

Полското обвинителство соопшти денеска дека издало налог за сослушување на контролорите на летовите на рускиот аеродром во близина на Смоленск. Тие ќе бидат повикани да сведочат за авионска несреќа во која загина полскиот претседател Лех Качински и 96 патници во април минатата година. Полска претходно го осуди извештајот на Русија за несреќата, според кој виновни за инцидентот се полските пилоти.