Рускиот парламент го одобри новиот СТАРТ

Горниот дом на рускиот парламент денеска го одобри договорот со Соединетите држави за намалување на нуклеарното оружје, познат како нов СТАРТ. Вчера тоа го стори и руската Дума, а американскиот Сенат договорот го одобри во минатиот месец. Договор што во април лани во Прага беше потпишан од претседателите на двете земји Дмитри Медведев и Барак Обама ќе стапи во сила во наредниве неколку недели, односно по размената на ретификуваните документи. Со новиот СТАРТ се намалува бројот на нуклеарните глави за 30 насто и ги лимитира страните да поседуваат по 1550 стратегиски ракети.