Почнува Светскиот економски форум во Давос

Бизнис и политички лидери денеска ги почнуваат четиридневните разговори за глобалната економија во швајцарскиот скијачки центар Давос. Најмалку 35 лидери се очекува да учествуваат на Светскиот економски форум, вклучувајќи ги и претседателите на Франција и на Русија, а Дмитри Медведев ќе го има и воведното обраќање. Светскиот економски форум вчера соопшти дека формира мрежа за помош на компании, влади и меѓународни организации за подобро да се справуваат со сложените ризици кои му се закануваат на светот- од безбедноста на исхраната до финасискиот крах.