Нов состав на владата во Тунис

Официјални претставници на туниските власти соопштија дека денеска ќе биде објавен составот на новата влада. Министерот за образование Тајеб Бајуш за Ројтер изјавил дека со оваа реконструкција ќе бидат пополнети местата ослободени по петте оставки на министри од владејачката партија. Овој потег доаѓа по масовните протести против доминацијата на поранешната владејачка партија во рамките на владата.