Египетската полиција ги растера демонстрантите

Протести во Каиро

Полицијата во Каиро употреби гумени куршуми и солзавец за растерување на демонстрантите од центарот на градот. Оваа акција е преземена по масовните протести против египетскиот претседател Хосни Мубарак. Вчера двајца демонстранти и еден полицаец загинаа во протестите инспирирани од немирите во Тунис.