Времето денеска сончево и студено

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, само во крајните северозападни делови можно е провејување на слаб снег. Утринската температура се движи од минус 15 до минус шест, а дневната ќе биде од минус пет до четири степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура се спушти до минус 10, а дневната ќе достигне до еден степен.