Продолжува расправата за извештајот на Марти во Стразбур

Дик Марти при денешната расправа

Парламентарното собрание на Советот на Европа и натаму расправа за извештајот на Дик Марти за троговијата со органи на Косово. Според холандскиот парламентарец Клас де Врис од групата на социјалистите во извештајот е документиран еден од најмрачните периоди на блиската историја.
Британската парламентарка Амбер Руд изјави дека групата на Европски демократи ќе се залага за расветлување на криминалот.
Пратеникот од Монако Жан Шарл Гердето смета дека потрагата по правдата и вистината е неопходна без разлика кои личности се вмешани. Албанскиот пратеник Шпетим Идризи го нападна извештајот бидејќи бил инициран од Русија и поддржан од Србија, со цел да бидат нападнати ЕУ, САД, ОВК и Хашим Тачи.
Парламентарците попладнево ќе преминат на гласање за резолуцијата.