Во напад на бомбаш самоубиец во Пакистан 5-мина мртви

Пакистанската полиција соопшти денеска дека во напад на бомбаш самоубиец во близина на маршот на шиитските муслимани загинале најмалку 5 луѓе, а 25 се повредени во источниот град Лахоре. Илјадници шиитски верници вршеле религиозен ритуал кога се случил нападот. Пакситан се соочува со низа бомбашки напади во последниве години, а многу од нив се поврзани со Ал Каеда и талибанците.