Медведев-најголема закана за Русија е тероризмот

Положено цвеќе на местото на експлозијата на аеродромот Домодедово

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави денеска дека најголема закана за Русија претставува тероризмот. Вчера во напад на бомбаш самоубиец на московскиот аеродром Домодедово загинаа најмалку 35 лица, а 130 беа повредени. Според Медведев властите ќе направат се за да бидат пронјадени сторителите и да бидат изведени пред суд.
Медведев додаде дека канцеларијата на јавниот обвинител и руската истражна комисија ќе ја истражи криминалната одговорност на безбедносните сили на аеродромот, кои се обвинети дека му дозволиле на осмничениот бомбаш самоубиец да внесе експлозив на аеродромот.