ММФ - Македонија може да оствари 3% пораст во 2011

Најголем економски пораст оваа година меѓу земјите од Западен Балкан, според прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд, ќе оствари Црна Гора од 4,5 отсто. По неа следува Албанија, со проектиран пораст на БДП за 2011 година од 3,2 насто
Македонија и Босна и Херцеговина и Србија, како што очекува ММФ, годинава ќе остварат економски пораст од по три отсто.
Најмал пораст на БДП во 2011 година меѓу балканските земји ќе забележи Хрватска од 1,6 проценти.
Кога станува збор за потрошувачките цени, ММФ очекува дека највисока инфлација од 4,4 отсто оваа година ќе забележи Србија. Порастот на потрошувачките цени во Македонија годинава ќе изнесува три насто. Најнизок пораст на потрошувачките цени оваа година, од еден процент, ќе има Црна Гора, која лани забележа најниска инфлација меѓу земјите од Западен Балкан, којас изнесуваше само 0,6 проценти.