Законот за екстрадиција пред Собранието на Македонија

Пратениците денеска ќе се произнесат за барањето на Владата за измени на Уставот, со кои се предвидува Македонија врз основа на меѓународен договор да може да екстрадира свои граѓани во други земји,
Министерот за правда Михајло Маневски изјави дека со тоа ќе се оневозможи некој кој што сторил казнено дело да може да ја избегне казнената одговорност или извршувањето на санкцијата со користењето на двојно државјанство.
Опозициските партии се изјаснија дека ќе го поддржат предлогот на Владата, но изнесоа забелешки дека ваквите измени не треба да се прават без претходни консултации со нив. На седницата ќе биде разгледана Информацијата за состојбите и случувањата во Министерството за надворешни работи, поднесена од пратеничките групи на СДСМ, НСДП, ЛП, НА и Нова Демократија.