Финално читање на новиот СТАРТ во руската Дума

Во Долниот дом на рускиот парламент се очекува да биде направено третото финално читање на новиот договор со САД за намалување на нуклеарното вооружување. Претходно руската Дума усвои повеќе дополнувања со кои се одредија условите под кои Русија може да излезе од овој договор. Американскиот Сенат го ратификуваше новиот СТАРТ во декември минатата година.