Западните сили го осудија нападот на аеродромот Домодедово

Жртва на бомбашкиот напад на Домодедово

Западните лидери го осудија бомбашкиот напад на московскиот аеродром Домодедово, при кој 31 лице загина, а 130 се повредени. Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен ја искажа солидарноста на западните сојузници на Алијансата со Русија и побара поголема соработка на Москва со НАТО во борбата против тероризмот. Претседателот на Европскиот Парламент Јиржи Бузек изрази сочуство со рускиот народ изјавувајќи дека тероризмот и насилството никогаш не се оправдани. Франција и Германија го нарекоа нападот варварско дело.