НАТО во март ќе одлучува за безбедноста во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

НАТО соопшти дека во март ќе одлучи дали одговорноста за безбедноста на Авганистан ќе биде префрлена во рацете на владините сили. Генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен изјави денеска дека операцијата ќе започне на пролет во зависност од состојбата на терен.
Во минатата година земјите-членки на НАТО се договорија со авганистанските власти дека процесот со кој домашните сили ќе ја преземат контролата во борбата против милитантите ќе започне во првата половина на 2011 година.