Руската државјанка Саламова протерана од Норвешка

Мадина Саламова

Руската државјанка Мадина Саламова која беше прогласена за граѓанин на годината во Норвешка по пишувањето за нејзиниот живот како илегален имигрант е протерана од земјата. Саламова попладнево полетала за рускиот аеродром Шереметиево, без никакви инциденти.
Саламова живеела нелагално во Норвешка од 2004 година кога барањето за азил на нејзиното семејство било одбиено.
Под псевдонимот Марија Амели таа издаде книга Илегалната Норвежанка, која доживеа успех во земјата.